Вести Избори 2024 Македонија

МВР и Јавното обвинителство со оценка дека изборниот ден минува без посериозни инциденти

МВР и Републичкото јавно обвнителство го оценуваат вториот круг од претседателските и парламентарните избори како генерално мирен и без поголеми нарушувања на изборниот процес. Но, во МВР стигнале пријави за нарушување на изборниот процес во Шуто Оризари и во Чаир, а во врска со пријави за агитирање во Тетово, Куманово, Скопје и во струмичко, по преземените мерки од полицијата , наводите не се потврдени. А од Јавното обвинителство кажаа дека на лице од Велес, кај кое вчера била пронајдена поголема количина оружје му е одредена мерка притвор, а на друго лице кај кое е пронајдено едно парче оружје , постапката за санкција ќе биде редовна.

Од МВР стартот на изборниот ден, од 7 до 11 часот  во Скопје, го оценуваат како генерално мирен и без посериозни нарушувања. Сепак , до нив стигнале пријави за нерегуларности.

  • Имаме добиено две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место на територијата на Шуто Оризари, како и за растурање летоци и залепени плакати на територијата на Чаир. За што се преземени мерки за расчистување на случаите, кажа Тони Ангеловски – портпарол на МВР.

До МВР стигнале и пријави за агитирање во Тетово, Куманово, Скопје и во струмичко. Но , како што кажа портпаролот Ангеловски, по преземените мерки од полициските службеници, тие наводи не се потврдени. За евентуални нарушувања на изборниот процес, од МВР повикаа случаите да се пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112, и апелираа граѓаните и учесниците во изборниот процес да се воздржат од инциденти. И од РЈО изборниот ден го оценуваат како генерално мирен. На електронската адреса [email protected] до 13 часот не биле пријавени инциденти. Но , од Обвинителството кажаа дека на едно лице од Велес, кај кое вчера било пронајдено поголемо количество оружје, на предлог на јавниот обвинител му е изречена мерка притвор, а на друго лице кај кое е пронајдено едно парче оружје, постапката за санкција ќе биде редовна. ЈО ќе проверува и наводи за евентуален поткуп.

  • Доколку се обезбедат докази , секако дека ќе следи обвинение за тоа кривично дело. Исто така има известување за сомнение за евентуален поткуп на гласачи, за што беше примено известување и за Охрид и за Крива Паланка. Меѓутоа , до овој момент , за овие настани не е поднесена кривична пријава до надлежните обвинителства, кажа Џелал Бајрани- Републички јавен обвинител.

Доколку биде поднесена кривичната пријава, од Обвинителството ќе бидат преземени дејствија за проверка на пријавата. Привремената комисија за следење на евентуалните изборни нерегуларности продолжува со следење на изборниот ден и обезбедени се дежурства во сите обвинителства во Македонија, дополни Бајрами.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе