Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Иселувањето го испразни скопско Раовиќ, жителите се надеваат дека еден ден нивните најблиски ќе се вратат назад

На 20 километри од Скопје во падините на планината Сува Гора се наоѓа селото Раовиќ, каде некогаш ќе ве пречекал детскиот џагор и жителите кои неуморно ќе ви раскажуваа како изгледа нивното секојдневие. Денес, тивко и единствено што можеше да се слушне е песната на птиците и напуштените куќи нем сведок за бројот на жители кои секојдневно го напуштаат селото.

Мала раздвиженост пред училиштето „Емин  Дураку“  на гласачкото место 2444 каде течеше гласањето за претседателските и парламентарните избори. На списокот се 210 гласачи.

Избирачкото место беше навремено отворено во 7 часот и изборниот процес тече во ред. Дали имаше проблеми со фингер принтот? Имаше само со еден гласач и гласаше со отпечаток од прст, изјави Александра Јовановска Стојановски, заменик претседател ИО 2444.

За Мухамед Авдурамани кој сиот свој живот го поминал во ова село и воедно е домар во основното училиште „Емин Дураку“, тажно е што и покрај тоа што на избирачкиот список во ова село се 210 гласачи само во селото останале да живеат околу 35 жители. Во училиштето пак имаат само четири деца кои посетуваат настава. Но имало и години кога во училиштето имало и само еден ученик.

Тие другите се заминати да живеат по други села во општина Сарај. Кои се главните проблеми со кои се соочуваат?  Нема конкретно проблем, за иселувањето,  секој мисли дека може да живее подобро, вели Мухамед Авдурамани, член на комисија.

Во изминативе 20 години според жителите селото го напуштиле речиси 30 семејства но сепак се надеваат дека тие повторно ќе се вратат во своите домови.

Жителите на село Раовиќ кои одамна го напуштиле своето родно место мечтаат еден ден да се вратат тука и на своите поколенија да им ги покажат сите убавини на природата.

Во 2002 година селото броело 213 жители, за во 2021 година бројката да се спушти на 73. Во меѓувреме свесни се дека за младите луѓе има нови предизвици, но дека родниот крај и љубовта кон него ќе ги премости сите искушенија и детскиот џагор повторно ќе се слушне во Раовиќ.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе