Вести Свет

Кремљ: Испраќање војници на НАТО во Украина би било исклучително опасно

Испраќањето војници на НАТО во Украина би било „исклучително опасно“, соопшти Кремљ, додавајќи дека Москва внимателно ја следи украинската петиција со која се повикува на таква интервенција.

Во петицијата, објавена на веб-страницата на украинскиот претседател, се наведува дека Украина треба да побара од САД, Велика Британија и други земји да испратат војници за да се борат против руската инвазија.

– Режимот во Киев е прилично непредвидлив. Многу пати кажавме дека директната интервенција на армиите на земјите од НАТО во овој конфликт потенцијално претставува огромна опасност и сметаме дека ова е исклучително сериозна провокација и, се разбира, внимателно следиме сè, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Засега не се знае дали петицијата ќе го собере потребниот број од 25.000 гласови, што ќе го обврзе претседателот Володимир Зеленски да одговори со одобрување или отфрлање. До претпладнево беа собрани околу 1.600 гласови.

НАТО и помага на Украина со испраќање на се повеќе оружје, вклучувајќи тенкови и ракети со долг дострел, но се воздржува од директна интервенција со трупи на терен. И американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин предупредија дека тоа може да доведе до трета светска војна.

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека прашањето за испраќање западни трупи во Украина ќе биде „легитимно“ поставено доколку Русија ги пробие украинските одбранбени линии и ако тоа го побара Киев.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека доколку Макрон испрати француски војници во Украина, тие ќе бидат легитимна цел на руската војска.

– Доколку Французите се појават во зоната на конфликтот, тие неизбежно ќе станат цели на руските вооружени сили, рече Захарова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе