Вести Македонија

ВИДЕО: Ковачевски: Во социјализмот бевме LA Lakers за Бугарија и Унгарија, сега тие како земји членки на ЕУ се подобри од нас

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски преку НБА кошарката и социјалистичкото минато во Југославија се обиде да ги прикаже придобивките од членството во ЕУ. Во објаснувањето му помагаше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

-И јас не сум веќе нешто многу млад. Ние двајцата сме, за разлика од некои помлади ваши колешки овде, кои што немале можност да бидат дел од Социјалистичка Република Македонија, дел од Југославија. Ние бевме space shuttle за Бугарија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка…, рече Ковачевски на прес конференцијата при средбата во Комората со Азески.

– Албанија?- дополни некој некој од страна.

– Па добро, Албанија беше еден друг систем, посебен систем, протолкува Ковачевски.

Потоа даде пример преку најпознатиот кошаркарски тим во светот во 80-тите години од минатиот век.

-Меѓутоа за овие земји членки на советскиот лагер ние бевме space shuttle. Ние бевме за нив Лос Анџелес. Не цела Америка, Лос Анџелес. (Лејкерс, му дошепна Азески). Лос Анџелес Lakers бевме за нив. Само заради тоа што се земји членки на Европската унија, тие сега се подобри од нас, рече поранешниот премиер Ковачевски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе