Вести Македонија

Автомобил удри во малолетник во близина на ОУ „Јан Амос Коменски“

Малолетник е повреден во сообраќајна несреќа што се случила претпладнево на улица „Варшавска“, во близина на Основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје, информира МВР. Повреденото дете е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На немилиот настан се надоврзаа родители на социјалните мрежи кои веќе подолго време укажуваат на опасноста на точката и бараат поставување на соодветна сообраќајна сигнализација, но, како што велат, одговор сè уште чекаат.

По денешната сообраќајка го повикаа градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски да преземе мерки за безбедност на учениците на ова место каде се вози со многу голема брзина.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе