Вести Свет

Мелони бара 100.000 евра отштета поради нејзините лажни порнографски фотографии

Италијанската премиерка Џорџа Мелони на 2 јули ќе сведочи пред судот за случајот што го покрена против двајца мажи обвинети за создавање и објавување лажни порнографски фотографии користејќи го нејзиното лице на интернет, објавија италијанските медиуми.

Мелони, која е оштетена во случајот, бара отштета од 100.000 евра.

Таа ќе ја донира сумата во фондот на Министерството за внатрешни работи за жени жртви на семејно насилство, изјави нејзината адвокатка Марија Џулија Маронџу.

Во 2020 година, поштенски работници ги идентификуваа таткото и синот кои ги поставиле лажните фотографии на порно-страница со седиште во САД, а податоците биле проследени на еден од нивните мобилни телефони.

Во тоа време Мелони сè уште не беше премиерка, туку претседателка на партијата „Италијански браќа“.

Адвокатката рече дека каква и да е отштетата ќе биде „симболична“. Таа изрази надеж дека одлуката на Мелони да поднесе тужба испраќа порака до жените кои се жртви на такво злоставување да не се плашат да поднесуваат жалби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Велипеток – најтешкиот ден во годината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе