Вести Македонија Топ вести

Весела математика во законот за Академијата за судии и јавни обвинители

Министерството за правда бара решение за весела математика во законот за Академија за судии и јавни обвинители во кој збирот на усниот и писмениот дел што еден кандидат може да ги добие на парктичниот испит е 105, а во законот пишува најмногу 100 бода.

Со последните законски измени, министерството ја поправаше претходната математичка грешка во законот во кој стоеше дека за усниот дел од испитот кандидатот да може да добие најмногу 30 бода. а истовремено беше предвидено и седумте члена од приемната комисија да можат да дадат најмногу по 5 бода што е еднакво на 35 . Оваа грешка беше корегирана, но сега устниот дел со 35 бода и писмениот со 70 бода даваат резултат од 105, а во законот и понатаму стои најмногу 100 бода.

Телма постави прашања до Mинистерството за правда кое ги предлага измените и до Академијата за судии и јавни обвинители која треба да го спроведува законот. Одговор добивме само од правда.

„Министерството за правда констатираше дека има аритметичка грешка во членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители која за жал не беше препознаена ниту од наша страна, ниту од законодавството при Генералниот секретаријат во Владата ниту пак од пратениците на дебатата во комисиите и Собранието. Министерството за правда заедно со Академијата за судии и јавни обвинители и Собранието работат на изнаоѓање решение“, соопштија од Министерството за правда.

А темата во јавноста ја отвори пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски според кој членот 45 е контрадикторен и неспроведлив и се создава правна несигурност, а секој кандидат за слушател во Академијата ќе има основ за покренување на тужба поради погрешно и нееднакво пресметување на аритметичкиот збир на бодовите и утврдувањето на конечната оценка

Тој и претходно реагираше на последните измените на законот за Академијата со кои се дозволи по исклучок кога единствениот електронски систем за полагање на испитите не е во функција, квалификацискиот тест да може да се спроведе во хартиена форма, а резултатот да се добие со електронски читач . Тогаш Милошоски од собраниската говорница обвини дека целта е стотина кандидати блиски до власта да станат идни судии и обвинители.

Последните законски измени беа донесени за да се одблокира приемниот испит за 130 слушатели од деветтата генерација кој беше во застој поради заглавениот тендер за софтвер за електорнско полагање. Какво решение ќе преземат надлежните за новонастанатиот проблем не се открива. Според најавите, Собранието ќе има активности до крајот на март односно до пред стартот на кампањата за претседателските избори кој почнува на 4 април.

Елена Ивановска Мукоска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Македонците и Турците од с. Радање бараат да се почитуваат законите

Дејан Дејан

Струмичко Трибичино за прв пат нема гласачко место, 8-те запишани гласачи гласаат во соседно Едрениково

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе