Вести Свет Топ вести

Муниција во април, „силен исчекор кон НАТО во јули“ – украински очекувања за наредните четири месеци

До април доволно муниција, а во јули и „силен и далекусежен исчекор кон НАТО“. Ова се дел од очекувањата на украинските власти за наредните четири месеци.

„Украина се соочува со недостиг на муниција и се надева дека до април ќе има доволно за одбивање на руските сили на фронтот“, соопшти премиерот Денис Шмихал, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба денеска изјави дека Киев очекува „силен и далекусежен исчекор“ кон членството во НАТО на самитот на Алијансата во јули во Вашингтон.

„Работиме напорно за да направиме силен и далекусежен исчекор кон членството на Украина во НАТО на самитот во Вашингтон“, рече Кулеба на онлајн прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.

Тој додаде дека Украина ги исполнува главните критериуми за членство во Алијансата, како што е „капацитетот за одбрана на границите на НАТО“.

Самитот на НАТО ќе се одржи во Вашингтон од 9 до 11 јули годинава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост

Дејан Дејан

Пандовски во „Топ тема“: Не верувам дека политичарите ќе се откажат од привилегии во име на борбата против корупција и добротодеење

Дејан Дејан

Камиловска Трпковска во „Топ тема“: Начинот на поставување на лица на високи раководни поозиции ќе биде прв тест за правецот на борбата против корупција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе