Вести Македонија Топ вести

Над 2.000 незаконски исплати на социјална помош-обвинува техничкиот министер Велковски, а Тренчевска го демантира

2.252 лица примале минимална гарантирана помош и социјална пензија иако таа не им следувала, обвинува техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски. Тој појасни дека еден од условите за добивање на таа помош е да не се поседува возило, но дел од граѓаните иако имале возило аплицирале и добиле помош. На документите навеле дека немаат возило, но инспекциските служби сега го утврдиле спротивното.

„За појаснување на ситуацијата за јавноста, се работи за над 2200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило, а според евиденцијата на МВР тие се сопственици на такво превозно средство. При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, меѓутоа необјасниво е како службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на министерството“, изјави Велковски.

Велковски смета дека во ова се вклучени повеќе сторители и се надева дека набрзо ќе бидат откриени бидејќи со овие незаконски исплати државниот буџет е оштетен за повеќе од 18 милиони денари месечно.

„Инспекциските служби на Министерството веќе постапуваат. По добивање на нивните извештаи ќе се обратиме до сите надлежни иснституции за да се лоцира одговорноста и да се преземат сите потребни мерки за оваа ситуација“, додаде Велковски.

Од кабинетот на дополнителната заменичка министерка Јована Тренчевска ги демантираат сите обвинувања на Велковски. Велат дека до денес сите случаи каде што е утврдено дека корисникот дал лажни инфрмации за поседување на имот, правото на социјална заштита се укинува и корисникот ги враќа парите.

Тренчевска во јануари потпиша меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи за размена на податоци за поседување на моторно возило во реално време. Ваквиот меморандум кој стапи на сила од февруари е мерка за превенција од злоупотреба на системот за социјална заштита. Изминатите 50 денови министерот Велковски со јавноста не сподели ниту еден релевантен статистички податок, ниту еден факт и ниту една теза до денес не ја одбрани со аргумент. Вакви се кадрите на ДПМНЕ, без решенија и без конкретни знаења“, велат од кабинетот на Тренчевска.

Право на гарантирана минимална помош и на социјална пензија може да добијат материјално необезбедени домаќинства кои немаат во сопственост имот и имотни права од кои можат да се издржуваат.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе