Вести Македонија

Ванковска во „Топ тема“: Бев во друг филм, не ми паѓаше на ум дека ќе бидам претседателска кандидатка

Немав амбиции, на ум не ми паѓаше дека ќе се најдам на ова место, меѓутоа поканата дојде на еден шеговит начин, во комуникација со Димитар Апасиев за сосема трета работа, рече универзитетската професорка и кандидатка на Левица за претседателка на Македонија, Билјана Ванковска во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тој ми рече „вас ве планираме за кандидат“ на што јас му одговорив со смеење со солзи. На тоа тој возврати „не се смејте, треба да разговараме“. Кога дојде разговорот, јас реков зошто не е добро, мислев дека сум излегла од форма во јавните настапи, сега гледам дека можеби и не е баш така. Бев во друг друг, меѓутоа дома потоа мојот партнер ме соочи со една морална дилема, бидејќи го знае и споделува моите убедувања, вредносен систем, знае дека сум левичар. Ми рече ако овојпат не застанеш зад Левица, а цело време се декларираш и заалагаш за некои такви вредности, принципи, тогаш во иднина ќе нема морално право да пишуваш колумни, да попуваш, да кажуваш нешто, затоа што си ги извисила тогаш кога е потребно“, изјави Ванковска.

Тоа, според неа, била сериозна дилема што ја земала во предвид.

„Како велат „На маката се познаваат јунаците“. Сега е моментот кога левата парадигма, левата идеологија и наратив, треба да си го земат своето место во општата политичка слика. Тоа подолго време зема залет, но, за жал, мејнстрим медиумите го имаат ставено на „црна листа“ Апасиев и воопшто Левица. Постои убедување дека тоа е ултрадесна партија, фашистичка, црнокошуљашка и други лоши епитети кои се налепени. Но, врз база на моето лично познанство со Апасиев, со кого се знаеме од студентски денови, потоа со дел од луѓето во раководството, јас сум презадоволна што постои лева опција и од моментот кога се појави на сцена си реков „добро, ќе имам за кого да гласам“. Тоа не значи дека некритички се однесувам кон некои потези, одлуки“, рече Ванковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужна Кореја го крена степенот на самоодбрана поради можните напади од страна на Северна Кореја

Дејан Дејан

Се враќаат старите цени за осигурување за регистрација на возила

Сашо Чавдаров

Како изгоре познатиот „Хари Потер“ замок по руските напади во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе