Вести Македонија

Му оставил 50 евра за мито на граница, но полицаецот го уапсил косовскиот газда на автобус

Обвинителство бара притвор за 45-годишен државјанин на Косово за давање поткуп на граничен премин Блаце на полицаец. Уапсениот се претставил како сопственик на автобус со косовски таблички кој не бил пропуштен да влезе во Македонија поради тоа што возачот немал сертификат за професионален возач на автобусот.

Го побарал сменоводителот и влегол во неговата канцеларија каде на маса му оставил 50 евра. Полицаецот го уапсил и предал на обвинителството.

Целото соопштение на ЈОРМ:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против 45-годишен државјанин на Косово, осомничен за кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Вчера на граничниот премин Долно Блаце, осомничениот му дал 50 евра на полициски службеник за тој да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши.  Откако претходно возач на авотбус со косовски национални ознаки бил одбиен за влез во државава бидејќи немал соодветен сертификат за професионален возач на автобус, осомничениот дошол на граничниот премин, се претставил како сопственик на превозната компанија и побарал да разговара со сменоводителот. Кога влегол во канцеларијата на сменоводителот на неговото биро оставил банкнота од 50 евра за да им овозможи влез на возачот и автобусот во државава.

Веднаш бил лишен од слобода, а бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и евентуалните соучесници, како и да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител му предложи на судот да определи притворска мерка со цел да го обезбеди неговото присуство во текот на постапката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе