Вести Македонија

Димитриевски во „Вин-Вин“: Во тетовската болница беше виновен кабелот, за несреќата на „Беса транс“ е виновна лиценцата, никој од власта нема одговорност

Тие што ги извршуваат главните функции, вклучувајќи го и претседателот на државата, се слепи послушници на политичките екити кои што владеат со државата и преку извршната власт ги контролираат и партиите и законодавниот дом. Таа пракса мора да се укине, порача Максим Димитиревски, кандидат на ЗНАМ за претседател на државата, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

Тој вели дека никогаш нема да потпише закон со кој не се согласуваат граѓаните, доколку биде избран за претседател. Како пример ги зема Казнениот законик.

„Имаше договор меѓу политичките субјекти со кој се направи амнестија не само за сите оние кои претходно беа гонети, туку само амнестија и за сите овие актуелни. Мене ме гонат по новиот закон и прв сум што бара да се врати стариот. Не бегам од одговорност ако имам погрешено, а знам дека немам. Но, притоа се амнестираа оние што беа, актуелните се само амнестираа, се обезбеди кворум од опозицијата, се беше спакувано и притоа претседателот го потпиша. Тоа е недозволиво“, вели Димитриевски.

Тој истакна дека во затворите има луѓе за смешни обвинувања. Ја спомена и денешната пресуда за „Беса транс“.

„Во тетовската болница беше виновен кабелот, сега е виновна лиценцата. Никој од власта нема одговорност. До кога со таа неказнивост. Затоа на Македонија и треба правен систен со казнивост за сите подеднакво“, истакна лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе