Вести Македонија

Димитриевски во „Вин-Вин“: На Македонија и треба самоодржливост, во НАТО сме, патот е ЕУ

Ингеренциите на претседателот се наведени во уставот, на Македонија и треба самоодржливост, истакна Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ за претседател на државата, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Меѓународна политика, Врховен командант, градење на добри односи, прво со соседите, дополнително во меѓународната заедница. Стратешкиот пат на Македонија се знае. Сме во НАТО, патот е Европската Унија, но на Македонија и треба самоодржливост, и требаат инситуции, стабилна држава. Кога ќе дојде законот, ако не чини да го вратите назад да се преиспитаат, бидејќи секој има право на грешка и има право да се преиспита. Но, за жал, кај нас кога претседателот размислува поинаку, му се забележува во политичката партија која што е на власт. А тој несакајќи да се огреши кон нив, што е случајот со Пендаровски, всушност не смее да и пркоси на власта, да и врати закон и да не се согласи со едно решение“, посочи Димитриевски.

Димитриевски за себе вели дека е човек на 48 години, со богато политичко искуство во органи и тела на една од најголемите политички партии во државата која, како што рече, „од државотворна во минатото, сега е во слободен пад“.

„Беше државотворна партија, а сега, во моментот, е во слободен пад, во безвоздушен простор и губи на сите нивоа поради тоа дозволи да ја водат такви луѓе, какви што ја водат и да импровизираат. Со држава не можете да импровизирате. Тие создадоа систем на вредности во државата, каде што секој граѓанин е фрустриран и смета дека ова е приватна творба, приватна сопственост, акционерско друштво на поединци. Ние мора да го разбиеме тоа. Затоа ќе влеземе во процесот на стабилен, одржлив развој, самоодржливост, здравство за сите, образование по потреба“, изјави Димитриевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе