Вести Економија Топ вести

Сирење, млеко, павлака, овошје, зеленчук, слатки-објавена листата за продукти кои ќе бидат со маржа до 10 отсто

Министерството за економија ја подготви листата со над 2.500 производи кои што кога ќе стапи на сила законот за нефер трговски практики ќе бидат со маржа до 10 отсто, а доколку се согласат трговците таа може да биде и пониска.

На листата се најдоа видови млеко и павлаки, јогурт, видови сирење, мед, компир, домат, кромид, лук, краставици, видови грав и грашок, блитва, ананас, боранија, леќа, авокадо, видови портокали, мандарини, лимон, грозје, лубеници, вишни, видови кафе, житни производи, видови колбаси, дел од конзервираната храна, шеќерot, слатки, колачи, какао и производи од какао, џемови, путерот од кикирики.

Ова се само дел од произодите кои нема да може да имаат маржа повисока од 10 проценти. Може да се забележи дека  на списокот се најдоа и производи кои се сметаат за луксуз.

Оваа листа Министерството за економија ќе ја прати до Стопанските комори и до Организацијата на потрошувачи. Ќе се трансформира во правилник кога законот ќе стапи на сила и ќе биде објавен во Службен весник. Целта е да се стави крај на манипулациите со цените.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе