Вести Свет

Врховниот суд ќе одлучи за имунитетот на Трамп од гонење

Врховниот суд се согласи да одлучи дали поранешниот претседател Доналд Трамп може да биде кривично гонет по обвиненијата дека се мешал во изборите во 2020 година и да постави курс за брзо решение. Наредбата на судиите ги задржува подготовките за судење фокусирани на напорите на Трамп да ја поништи неговата изборна загуба.

„Постапката на судот го става судењето на Трамп во мирување до исходот на својот случај, но судот сугерираше дека процесот ќе се движи брзо, веројатно до крајот на пролетта ќе се донесе одлука дали Трамп е имун од кривични обвиненија, како што тој тврди. Федералните судови досега пресудуваа против него, но Врховниот суд сега ќе го има последниот збор“, изјави Марк Шерман, известувач од Асошиејтед прес.

Во исто време, тие рекоа дека ќе слушнат аргументи во март, а одлуката најверојатно ќе биде донесена најдоцна до крајот на јуни.

Трамп минатата година беше обвинет за манипулација на сведоци и заговор за измама на САД пред федералниот суд во Вашингтон поради неговите обиди да ја поништи неговата изборна загуба во 2020 година од Џо Бајден.

По Колорадо и Мејн, сега и Илиноис го дисквалификуваше неговото учество во републиканските претседателски предизбори. Причина за тоа е неговата улога во бунтот во Капитол на шести јануари 2021 година.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европската комисија спроведува постапка против ,,Мета” за дезинформации и лажни вести

Дејан Дејан

Срце го боли за Сдсмовците бидејќи смета дека се во заложништво, Максим Димитриевски од ЗНАМ со 24-часовен рок за оставки на раководството на СДСМ

Дејан Дејан

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе