Вести Македонија

Шуто Оризари без заболен од Пертусис, надлежните причините ги лоцираат во високата стапка на вакцинација. Битола масовно се вакцинира.

Бројот на заболени од голема кашлица достигна до 46 регистрирани лица во државата. Според последниот извештај на институтот за јавно здравје за само една недела од 9 до 15 февруари  има зголемување на заразените за 21 процент во споредба со претходниот 7 дневен период.

Најмногу заболени и натаму има во  Скопје 84,6%0, а останатите се во  Куманово, Тетово, Гостивар. Најголем број заразени  се деца на возраст до 4 години, кои не се вакцинирани или се некомплетно вакцинирани. Постои епидемиолошка поврзаност меѓу заболените лица (пет групи по два случаи).

„Во периодот од 9-15.02  пријавени се 17 нови случаи на голема кашлица. Сите пријавени случаи се од Скопје, а најголем број на случаи се од возрасната група од 10-19 години (n=8). Од новите 17 случаи, 5 случаи се хоспитализирани“ се наведува во извештајот на ИЈЗ.

64,1%  од заболените не се вакцинирани. Просечниот опфат со вакцина против голема кашлица има тренд на опаѓање. Од 18 јануари до 14 февруари, во Скопје се  утврдени околу 5000 деца кај кои е пропуштена вакцинација, од нив доплнително се вакцинирани 982, додека пак низ останатите градови, во истиот период, констатирано е дека кај   4 197 е пропуштена вакцинацијата, а дополнително се вакцинирани    23 отсто.  Во Битола, засега нема регистрирано заболни од голема кашлица,  но сепак  интересот за имунизација секојденевно расте.

-Последната недела двојно е зголемен одзивот за вакцинација. Ако претходно доѓаа 20-30 деца за вакцинација, последната недела дошле 60-70 а повеќе од половина се за вакцината која штити од пертусис, вели д-р Билјана Николовска Мицовска, педијатар.

На вакциналните пунктови е продолжено и  работното време, се работи во две смени,  а работни се и саботите.

-Одговорните лица на вакциналните пунктови имаат потреба од повеќе медицински сестри за да се задоволат потребите на родителите за вакцинација на нивните деца и да го продолжиме патот до поголем опфат на вакцинација, вели Весна Спирковска, директор на Здравствен дом Битола.

Центарот за јавно здравје во  Скопје прогласи епидемија на голема кашлица на 8 февруари, по препорака на Комисијата за заразни болести, која исто така прпорача во градинките да се примаат само целосно вакцинирани деца.

Сепак  Министерството за труд и Државниот санитарен инспекторат  се уште чекаат насоки од Владат,  а градинките и покрај зголемениот број на нови слуачаи, само побараа родитлеите да ги ажурираат вакциналните картони на децата, но велат, немаат право да ги враќаат невакцинираните.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе