Вести Македонија Топ вести

Албанските опозициски партии ја официјализираа коалицијата со име „Вреди“

Албанските опозициски партии и официјално ставија потпис на коалицијата  која ќе и се спротивстави на владејачката ДУИ на претстојните претседателски и парламентарни избори. Официјалната церемонија почна со интонирање на химната на Република Албанија во салата во која немаше ниту едно државно обележје а потоа пред присутните се обратија лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата – „Демократско движење“, „Алијанса за Албанците“, „БЕСА“ и „Алтернатива“, Изет Меџити, Арбен Таравари, Биљал Касами и Африм Гаши како и советникот на косовскиот премиер Беким Ќоку.

„Денеска се официјализира соработката помеѓу албанските опозициски партии  првпат после 2011 година кога Албанците генерално гласаат за промени, но не успеваа опозициските партии да најдат заеднички јазик да соработуваат. Јас сум многу среќен што потпишавме Декларација за соработка  и се надевам на 8 мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок“ изјави ,Арбен Таравари претседател на Алијанса за Албанците

Коалицијата го носи името „Вреди“

Во своите обраќања четворицата лидери на партиите нагласија дека промените доаѓаат и дека ДУИ ќе ги загуби овие избори и дека денес е денот која почнува нова ера на албанската политика во Македонија.

Изет Меџити ги повика граѓаните да се придружат кон промените а тетовскиот градоначалник Касами кажа дека против оваа коалиција се олигарсите, корумпираните политичари во државата кои се против факторизирањето на Албанците и се соработници на југословенските и руските разузнавачки служби како и дека доаѓа крај на како што кажа „криминалната и антиалбанска политика“ во Македонија.

Во своите обраќања го поздравија лидерот на Алијанса, Таравари и неговата одлука да биде заеднички кандидат за претседател на државата.

По официјализирањето на коалицијата беше промовирана и заедничката декларација каде како програмски столбови се наведени членство  во ЕУ и продлабочување на соработката со ЕУ и НАТО, борба против криминалот и корупцијата целосна рамноправност меѓу Македонците и Албанците стратегија за враќање на иселениците и радикални реформи за подобрување на животниот стандард.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе