Вести Македонија Топ вести

Централното собрание на Алијанса за Албанците гласаше за разрешување на претседателот Таравари

Централното собрание на Алијанса за Албанците гласаше за разрешување на претседателот Арбен Таравари, поради грубо кршење на Статусот на партијата. 108 членови гласаа на Централното собрание . Со 106 гласови „ ЗА“, 1 воздржан и 1 против, помина гласањето на иницијативата.

  • Чекавме да дојде Таравари таму каде што припаѓа , а тоа е во Централното собрание како највисок орган  помеѓу два конгреси. Тој не дојде. Според тоа бевме принудени да одлучуваме по предлог на дел од членовите дека точката број 1 од дневниот ред е беспредметна. Отчетот на претседателот се замени со иницијатива за негово разрешување , според членот 38 од Статутот на партијата, кажа претседателот на Централното собрание  и поранешен лидер на Алијанса, Зијадин Села.

Тој не сакаше да открие дали претендира повторно да го заземе лидерското место.

Другата точка е закажување на Конгрес, на 18 февруари , на кој ќе се одлучува за иницијативата за разрешување на таравари, поради грубо кршење на Статутот на партијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе