Вести Македонија Топ вести

Бугарскиот дипломат и организационен секретар на мешовитата историска Комисија, Желјзко Радуков е предложен за нов амбасадор на Бугарија во Македонија

Бугарскито дипломат од кариера и организационен секретар  на мешовитата историска Комисија, Желјзко Радуков е предложен за нов амбасадор на Бугарија во Македонија. Како што објавија бугарските медиуми Радуков доаѓа на предлог на вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел и ќе го замени досегашниот амбасадор Ангел Ангелов чиј мандат завршува во јуни годинава.

Радуков има искуство во  повеќе области во односите меѓу Бугарија и Земјите од Западен Балкан, наведува БГ нес. Професионалната кариера ја почнува во директоратот на бугарското МНР за Југоисточна Европа каде што во различни периоди бил одговорен за  Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, и работел на серија прашања од билатералните односи со овие земји, вклучително и нивната европска димензија.

Радуков доаѓа  во Македонија во време на  тензични односи,  кога државата на својот евроинтегративен пат е условена од Бугарија со уставните измени, а ќе ја преземе амбасадорската  функција најверојатно по  завршувањето на изборниот процес кај нас.

За власта овие избори се крстопат, пресвртна точка по која што или Макеоднија ќе оди во правец на членство во ЕУ  или повторно ќе се врати на преговори со Бугарија и повторно отворање на истите прашања.

За опозицијата, уставните измени се неприфатливи. Во односите со Бугарија ВМРО-ДПМНЕ  бара гаранции  за Македонија и извесност на патот и напредокот кон полноправно членство во Унијата.

Инаку во Македонија на последниот попис како Бугари се изјаснија 3502 лица или 0,19 отсто од вкупното население. Отворањето на Уставот и внесување на Бугарите во него е услов за преговорите со ЕУ, процес за кој нема политички консензус во државата. Во ваков политички амбиент Радуков доаѓа на местото амбасадор на Бугарија во Македонија.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе