Вести Македонија Топ вести

Задолжително маски и забрана за посети во болниците и домовите за стари лица – препораки од Комисијата за заразни болести

Задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица, препорачува Комисијата за заразни болести. Претседателот на Комисијата, Александар Петличковски рече дека моментно има зголемување на бројот на случаи од грип, но дека не постои загрозување на општата јавна здравствена состојба.

„Моментно имаме зголемување на бројот на случаи на грип, споредено со минатата недела и со просечниот број на случаи во минатите 13 години. Влезени сме во сезоната на инфлуенца и повторно треба да размислуваме за заштита на пвозрасните луѓе над 65-годишна возраст, луѓето со хронични болести и нив ги повикуваме, доколку во минатиот период не завршиле со вакцинација, да се заштитат со примање на вакцина против грип“, рече Петличковски.

Грипот, како што посочи, го надминал бројот на случаи на ковид-19 кој е во опаѓање. Во однос на големата кашлица рече дека во земјава остануваат двата регистрирани случаи.

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ информираше дека од почетокот на сезоната починати се шест лица со грип.

„Последниот случај, станува збор за женско лице на околу 45-46 години со коморбидитети. Во моментот, седум лица се хоспитализирани на Инфективната клиника, петмина со потврда, а за две се чека. Шест лица се хоспитализирани со ковид-19“, појасни Стевановиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе