Вести Македонија Топ вести

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 јануари, се чека мислење од Врховен за Законот за амнестија

Прашањето за амнeстија на обвинетите во предметот Организатори на 27 ми април премина во рацете на Врховниот суд.  Антонио Апостолски, адвокат на екс директорот на УБК Владимир Атанасовски, на 11 декември поднел иницијатива до Врховен за начелно правно мислење за тоа дали законот за амнестија важи и за овие обвинети. Апостолски на денешното рочиште беше отсутен поради службено патување а адвокатите на другите обвинети не сакаа да ја коментираат иницијативата со образложение дека таа не е поднесена од нив ниту во нивно име.

Судијата Илија Трков го одложи дененото рочиште за 30 јануари во надеж дека до тогаш ќе се произнесе највисокиот суд.

-Сметам дека прашањето за амнестијата мора да се расчисти на почетокот на ова судење. Вакво начелно правно мислење на највисокиот суд треба да ги разреши дилемите со оглед на тоа што Кривичниот суд досега донесе две одлуки поврзани со барањето за амнестија кои беа укинати од Апелациониот суд, кој и покрај законските можности не донесе мериторна одлука, рече Трпков.

Обвинети во предметот се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски

Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда и побара од Кривичен на повтореното судење  подетано да се произнесе околу законот за амнестијата за која одбраната смета дека важи и за овој предмет но судијата не се согласи со нив. И на стартот на повтореното судење во Кривичен судијата Трпков донесе иста одлука како првиот пат но Апелација го укина и ова решение .

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Унгарија стави вето на резолуцијата на советот на европа за Украина

Дејан Дејан

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Дејан Дејан

ЕУ ги додаде на „црната листа“ Гласот на Европа, РИА Новости, Известија и Росискаја газета

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе