Вести Свет

Орбан останува тврд орев – ЕУ ќе го убедува да попушти за Украина да добие помош од европски пари

Брисел одлучува за членство на Украина во ЕУ. Медиумите денешниот ден го оценуваат како денот Д за украинскиот претседател Зеленски, кој пак имаше лош почеток на неделата, по неговата неуспешна посета на Вашингтон, каде не успеа да ја обезбеди финансиската воена помош од 61 милијарди евра.

На дневен ред во Брисел е симболичниот повик за Украина да ги почне официјалните преговори, заедно со ветените пари од 54 милијарди евра од ЕУ фондовите наменети за украинската економија и 24 милијарди евра за воена помош. Парите засега се замрзнати. Вето става и се противи Унгарија. Премиерот Орбан гласен дека тој е разумот на Европа во овој случај..За да го разубедат на европските партнери им требаат силни аргументи.

  • Се надеваме. Многу се надевам дека ќе ја најдат формулата бидејќи 50 милијарди евра се прашање на денешницата. Не треба да ја одложуваме оваа одлука бидејќи Украина утре не се бори. Украина се бори токму сега. И, се разбира, тоа има огромни импликации врз економијата. Значи ни требаат финансиски текови за да ја зачуваме државата, изјави  ГИТАНАС НАУСЕДА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛИТВАНИЈА

Следните часови, Орбан ќе биде под силен притисок, но и покрај тоа останува тврд орев. Проширувањето е процес на заслуги рече Орбан, и исполнување на услови.

Поставивме седум предуслови и во комисијата за проценка, три од седум не се исполнети. Затоа, нема причина да се разговара за нешто, бидејќи не се исполнети предусловите. Ќе мора да се вратиме подоцна, повторно да се вратиме на тоа прашање кога ќе биде исполнето од Украинците, вели виктор орбан, прмиер на унгарија

Орбан смета дека парите од ЕУ фондовите се потребни за земјите членки, а Украина да се помогне со средства надвор од планираниот буџет. Дополнително тврди дека во завојуваната Украина владее корупцијата, а загрижен е и за тоа дали ќе се смени администрацијата во Вашингтон. Иако, листата на поплаки од Орбан е долга, ЕУ блокот стои на ставот дека некаков договор мора да се постигне, па дури и разговорите да продолжат во текот на викендот.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Посредуваше за Пржинскиот договор, ќе посредува и во македонско-бугарскиот спор и ќе олеснува за уставните измени – Ванхојте се враќа во Македонија

Дејан Дејан

Два земјотреса на Тајван еден по друг со јачина над 5 степени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе