Спорт Фудбал

Халанд, Мбапе и Меси во конкуренција за Златната топка на ФИФА

Светската фудбалска федерација ги објави имињата на тројцата фудбалери кои останаа во трката за престижното признание што му се доделува на најдобриот играч за годината што изминува.

Меѓу тројцата финалисти кои освоија најмногу гласови останаа Ерлин Халанд, Килијан Мбапе и Лионел Меси.

Во изборот на најдобрите за 2023 година решавачки се настапите во периодот од 19 декември 2022-та до 20 август и сосема неочекувано во потесниот круг се најде капитенот на репрезентацијата на Аргентина бидејќи Мундијалот во Катар не влегува во временската рамка бидејќи финалето на Светскиот куп се играше еден ден порано.

Доколку се земат предвид новите критериуми за одредување на најдобриот како главен фаворит може да се смета напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, кој покрај трофеите што ги освои со својот клуб во овој период собори и неколку рекорди.

Ден претходно во потесниот круг за најдобар тренер влегоа Жозеп Гвардиола, Лучијано Спалети и Симоне Инзаги.

Наградите на ФИФА ќе бидат доделени на гала свеченост што ќе се одржи на 15 јануари следната година.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе