Вести Македонија Топ вести

Лавров: Блинкен и Борел се кукавици, избегаа од состанокот во ОБСЕ

Блинкен избега од министерскиот совет на ОБСЕ, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната прес конференција во СКопје. Според него, Борел и Блинкен кои си заминаа набрзина од Скопје се „едноставно кукавици“, се плашат од искрена конверзација поткрепена со факти.

Лавров, кој свика прес конференција по вчерашното обраќање на министерскиот совет на ОБСЕ, денеска рече дека годишнината на ОБСЕ не треба да се слави поради деградацијата на полето на безбедноста, економијата и човечките права, а говорот на колегите министри на Самитот во Скопје е доказ дека западните политичари не ја научиле лекцијата.

– Во економската сфера се беше уништено од санкциите од ЕУ и САД, да не зборуваме за човековите права. За Украина немаше реакции од Западот при спроведувањето на нејзинатавоена операција против Русите во Донбас од 2014 година, ниту санкции од Западот додека Украина не го признаваше Крим и Донбас. Лидерите на Западот ги игнорираат основните принципи на организацијата ОБСЕ.

Македонскиот претседавач Бујар Османи промовираше многу добар слоган, Се работи за народот, но вчера за време на работниот ручек им кажав на колегите, верувам дека се работи за луѓето, но на сите луѓе од земјите од ОБСЕ. Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Да бидам искрен, јас сум свесен од резултатот на оваа мала борба, самитот е за одредена група на луѓе, не за сите граѓани, рече Лавров на прес конференцијата.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдено тело на мртва девојка во Штип

Дејан Дејан

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, денеска нов состанок во финансии

Дејан Дејан

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе