Вести Македонија Топ вести

По смртта на негувателот Ристе, почина и Флопи – ЗОО Скопје останува без жирафа

„Рики друже, чувај ги горе Каспер и Тобого. Ќе фалиш“, напиша Тина Мицковска, задолжена за односи со јавност во скопската Зоолошка градина, на својот Фејсбук профил, како проштална порака за нејзиниот прерано починат колега Ристе Трајковски, кој работеше како чувар и негувател на животните. И додека од него, преку социјалните мрежи, се простуваат и останати колеги и пријатели, нова лоша вест од ЗОО Скопје.

Неколку часа по смртта на Трајковски, почина и жирафата Флопи, последната во ЗОО Скопје. Неофицијално, обидите за нејзино спасување траеле два часа. Се чека официјално соопштение од ЗОО Скопје за причините за смртта на Флопи. Телма се обиде да контактира со в.д. директорот на ЗОО Скопје, Зоран Попов, но тој не одговори на телефонски повици и пораки.

Угинувањето на жирафата Флопи е последниот во низата немили настани што се случија во изминатиот период во институцијата. Жирафата Каспер почина од салмонела, со силен отров беа отруени ретките пржевалски коњи, а зоолошката го изгуби и статусот за кандидат во Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми – ЕАЗА.

Жирафата Каспер угинала од инфекцијата салмонела

Угина и третиот пржевалски коњ од скопската Зоолошка, сомнежите се дека станува збор за труење

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Унгарија стави вето на резолуцијата на советот на европа за Украина

Дејан Дејан

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Дејан Дејан

ЕУ ги додаде на „црната листа“ Гласот на Европа, РИА Новости, Известија и Росискаја газета

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе