Вести Свет

Западот го притиска Израел да ги лимитира цивилните жртви во Газа

Западните земји започнаа сѐ поотворено да вршат притисок врз Израел да покаже поголема воздржаност во Газа, во војната против Хамас. Откако вчера беше објавено дека жестоки борби се водат околу Ал Шифа, најголемата болница во појасот, американскиот претседател Џо Бајден чија земја е најмоќниот сојузник на Израел, изјави дека е потребна поголема заштита на цивилите и малкуте оперативни болници во Газа.

„Сакаме пациентите да бидат заштитени, сакаме болниците да бидат заштитени. Зборувавме за тоа со израелската влада, и тие рекоа дека го имаат истиот став, дека не сакаат да се водат борби во болниците. Гледате дека и портпаролите на Израелските одбранбени сили зборуваат за тоа.“, изјави Џејк Саливан – советник за национална безбедност

Израелската армија тврди дека секогаш ги предупредува цивилите да се евакуираат од областите кои ќе бидат мета на напади, и го обвинуваат Хамас дека ги злоупотребува болниците утврдувајќи свои позиции во нив, а палестинските цивили ги користи како човечки штит.

Портпаролот на Израелските одбранбени сили изјави дека под детската болница Рентиси во Газа, од која вчера беа евакуирани последните пациенти, бил откриен команден центар на Хамас, различни видови оружје и докази дека таму биле држени некои од заложниците кои Хамас ги киднапираше од јужен Израел на 7 октомври.

„Сакам да разберете дека овој вид на опрема е опрема за тешки борби. Ова се експлозиви, ова се елеци, елеци со експлозиви. Ова се елеци за терористите да експлодираат врз нашите сили. Во болницата, помеѓу пациентите. Имаме рачни гранати, калашникови, потоа имаме ракетни фрлачи. Тие испалуваат ракети од болниците. Ова е Хамас, испалува ракети од болници. Светот мора да разбере против кој се бори Израел.“, објаснува во видеото Адмирал Даниел Хагари – Портпарол на Израелските одбранбени сили

Покрај тоа, израелската армија тврди и дека им понудила помош на преостанатите болници во Газа, кои сѐ уште лекуваат пациенти, во форма на гориво, медицински материјали и инкубатори за предвремено родени бебиња, откако СЗО соопшти дека поради недостатокот на струја на десетици новороденчиња им се заканува смрт.

„Болниците не смеат да бидат места на кои се водат борби. Секоја воена операција околу или во болница мора да превземе чекори за заштита на пациентите, медицинскиот персонал и останатите цивили. Сите можни мерки на претпазливост мора да се превземат, вклучувајќи и ефикасни предупредувања, кои ја земаат во предвид способноста на пациентите, медицинскиот персонал и другите цивили безбедно да се евакуираат, кое во моментов е поголем предизвик, затоа што имаме многу пациенти кои персоналот одбива да ги напушти.“, вели Андреа Де Доменико – директор на Канцеларијата на ООН за координација на хуманитарните прашања во окупираните палестински територии

Во меѓувреме растат тензиите и на Западниот брег, каде денеска при рација во бегласкиот камп Тулкарем биле убиени 7 Палестинци, а 12 биле повредени. По нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, израелските безбедносни сили го зголемија своето присуство во окупираниот Западен Брег во обид да спречи прелевање на војната од Газа.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе