Вести Свет Топ вести

Жестоки битки околу болниците во појасот Газа- новинарски конвој мета на нападите

Група новинари беа гранатирани додека известуваа за последниот израелскиот напад врз градот Јарун во јужен Либан. Новинар на Телевизијата Ал Џезира беше лесно повреден во ногата, а возилото на катарската пан-арапска ТВ станица беше оштетено додека новинарите излегуваа од областа. Локалниот либански канал MTV Lebanon беше една од екипите во конвојот и го прикажа моментот кога се случи вториот удар во близина на новинарскиот конвој.

  • Да, бевме цел. Позицијата на новинарите била цел на проектил од местото Јарун. Пред автомобилите можете да се забележи пожарот во моментов. Пред малку овде цела група новинари беа заглавени по падот на проектил во областите за кои зборувавме. Никој не е повреден. Беше околу десет или пет метри и гледаме директно таргетирање на новинарите во овој момент. Ни рекоа брзо да ја евакуираме областа, сите го евакуираат ова место бидејќи е опасна област и цел се новинари. Ништо не го одвраќа таргетирањето, затоа ви ја прикажуваме ситуацијата- Нахле Одаиме, репортер на МТВ од Либан. (експлозија)

Помина еден месец од израелскиот напад во кој беше убиен новинарот на Ројтерс, Исам Абдалах.

Луѓето во Појасот Газа се преселуваат од северниот дел на областа додека војната Израел-Хамас продолжува. Судирите меѓу израелските сили и палестинските милитанти пред најголемата болница во Газа натераа илјадници луѓе да избегаат од болницата, но стотици пациенти и други раселени лица се уште се внатре. Ал Шифа е без струја и вода веќе три дена, од Светската здравствена организација велат дека тела се натрупани внатре и надвор, дека состојбата наликува на гробишта. Меѓу пациентите има десетици предвреме родени бебиња кои се соочени со смртта. Агенцијата на ОН за палестински бегалци во меѓувреме предупредува дека нејзините хуманитарни операции во Газа ќе „запрат“ за 48 часа кога ќе остане без гориво.

Израелската војска објави видео на кое се гледа припадник на Хамас кој носи ракетен фрлач пред болницата Ал-Кудс во градот Газа, а во близина е стациониран израелски тенк. Не е јасно кога е снимено видеото. Додека Палестинците го обвинуваат Израел дека безмилосно пука кон болниците, Израел од своја страна го обвинува Хамас дека ги користи болниците како покритие. Болницата Ал Кудс беше принудена да се затвори вчера бидејќи остана без гориво. Палестинската Црвена полумесечина, која управува со објектот, соопшти дека израелските сили се стационирани во близина и дека се прават подготовки за евакуација на околу 6.000 пациенти.

Во кибуцот Кфар Аза, што беше прва мета на палестинските милитанти, се вратија дел од преживеаните жители. Во неверување од она што се случи меѓу урнатините препознаваат некои свои предмети, кои ќе ги однесат со себе.

  • И наеднаш почна да пука и проектили, тоа беше страшен, ужасен звук. Нешто што никогаш не сум го видел… Живеев овде 40 години и никогаш не сум слушнал такво нешто- Ајелет Кацир, жител на кибуцот Кфар Аза.
  • Не знам што да кажам, сега сум во шок бидејќи тука живееја сите најмали деца, тие се како мое дете. Ние сме мала заедница, сите се познаваат со сите, а вие знаете кој живее овде и само замислете што се случи со ова… не можам да замислам – Јаел Фелус, жител на кибуцот Кфар Аза.

Повеќе од 11.000 Палестинци, од кои две третини се жени и малолетни, се убиени од почетокот на војната, според Министерството за здравство во Газа контролирано на Хамас, кое не ги двои смртни случаи на цивили и милитанти. Околу 2.700 лица се пријавени за исчезнати. Најмалку 1.200 луѓе загинаа на израелска страна, главно цивили убиени во првиот напад на Хамас, а палестинските милитанти држат речиси 240 заложници.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК: Излезноста на парламентарните избори е 46,93 отсто, до 17 часот гласале 470.950 лица

Дејан Дејан

Дали Даштевски буни со бројките, со 452.412 гласа објави процент над цензусот

Дејан Дејан

ДИК со пресек на излезноста за претседателските избори – до 17 часот гласале 452.412 лица или 42,32 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе