Вести Свет Топ вести

Преку преминот Рафах вчера излегле 800-тини странци и ја напуштиле Газа

Повеќе од 800 странски државјани го напуштија Појасот Газа преку граничниот премин Рафах, во текот на вчерашниот ден, јавија египетските власти. Ова е најголемиот број луѓе кои поминале низ Рафа во еден ден од почетокот на евакуацијата. Ова беше и прва евакуација на странски државјани од четвртокот, кога повеќе од 300 од нив ја напуштија Газа. Сепак, во Појасот остануваат заглавени околу 20 илјади цивили, јавија хуманитарните организации. Египет претходно соопшти дека ќе дозволи излез на 7.000 странци и луѓе со двојно државјанство.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека е можен договор за ослободување на околу 240 израелски заложници, земени од Хамас за време на нападот на 7 октомври. Нетанјаху не даде детали, но рече дека едно нешто што може да изнуди договор е воениот притисок што израелските одбранбени сили го вршат врз Хамас. Тој ги отфрли се почестите повици за прекин на огнот, освен ако тоа не вклучува ослободување на сите заложници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе