Вести Свет Топ вести

Израелската армија ноќеска го изврши досега најголемиот копнен напад во Газа- ОН на секој час објавуваат предупредувања за хуманитарната ситуација

Израелската армија во текот на ноќта го изврши досега најголемиот копнен напад во Газа, како подготовка за следните фази од перацијата, соопштија Израелските одбранбени сили. Нападот започна веднаш по обраќањето на премиерот Нетанјаху, во кое рача дека Израел го подготвува теренот за копнена инвазија на Газа, а на Израелците им порача дека сите милитанти на Хамас се осудени на пропаст.

  • „Нападот на 7 октомври е црн ден во нашата историја. Ќе откриеме што точно се случи на јужната граница и во Појасот Газа. Овој неуспех ќе биде детално истражен. Сите ќе треба да дадат одговори, вклучувајќи ме и мене, но само откако војната ќе заврши. Како премиер имам одговорност да ја зачувам иднината на земјата, и сега мојата обврска е да ја водам државата Израел и нејзиниот народ до комплетна победа над нашите непријатели. Сега е време сите да се обединиме зад една цел, да одиме напред до победа“ – Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.

Израелската армија објави кратка видео снимка од беспилотно летало од борбите за време на, како што го нарече, ограничениот пробив во Газа. Западните известувачи јавуваат дека експлозии од воздушни напади, артилерија и рафални истрели одекнувале до раните утрински часови.

  • „Во Газа, сили под команда на бригдата Гавати и војници од 162-та дивизија, поддржани од тенкови, извршија ограничен пробив во северна Газа. Силите убија терористи и уништија инфраструктура на Хамас во Појасот. Пробивот беше дел од нашите подготовки за следните фази од војната“ – Адмирал Даниел Хагари – портпарол на Израелските одбранбени сили.

И додека постапките на Израелските одбранбени сили и јазикот кој го користат за време на пресконференциите навестуваат дека големата копнена инвазија ќе започне порано токолку подоцна, ООН речиси на секој час објавуваат предупредувања за хуманитарната ситуација во Газа.

  • „Навистина ли сфаќаме што се случува? 15.000 сериозно повредени, 1,6 милони раселени. Нема вода, нема храна, нема струја, нема лекови. Траумите и уништувањето се неописливи, а пеколот во кој во моментов живеат луѓето во Газа е дамка врз сите нас, сите членки на ООН, особено оние кои имаат моќ да го запрат ова, а не го прават тоа“ – Франческа Албанезе – Специјален известувач за ситуациајта со човековите права во палестинските окупирани територии од 1967.

Агенцијата на ООН за палестинските бегалци соопшти дека успеала да најде мало количество гориво во Газа, кое ќе биде искористено за прочистување и десалинизација на вода, но сите останати операции ќе мораат да бидат суспендирани се додека во појасот не биде дозволен влез на гориво. Од друга страна, Израел инсиситира дека во Газа има гориво, но тоа е во рацете на Хамас.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе