Вести Свет Топ вести

Хуманитарците бараат да продолжи доставата на помош во Газа, додека Израел ги засили воздушните напади врз Појасот

Откако вчера во Газа пристигна првиот конвој од 20 камиони со хуманитарна помош, ОН побараа пристигнувањето на помош да продолжи и денеска. Повеќе агенции на Обединетите нации се присутни на терен и сите имаат големи количества на витални намирници кои чекаат повторно отваррање на преминот Рафа.

Тоа што сега го знаеме за развојот на потребите во Газа е дека 1 милион луѓе се раселени. Знаеме дека најмалку 300.000 деца се раселени. Тоа значи дека во моментов немаат дом или не се во својот дом, а тоа значи дека хуманитарните потреби се екстремно итни. Што значи тоа во пракса? Ако на пример, според меѓународните стандарди, на едно лице му се потребни 50 литри вода за да живее здраво и достоинствено, како за пиење, хигиена, готвење и сѐ останато, во моментов тоа е сведено на помалку од 3 литри вода по лице, вели претставникот на УНИЦЕФ во Газа, Џереми Хопкинс.

Палестинците кои ги напуштија своите домови откако Израел ги повика сите северно од Вади Газа да одат на југ, ги преплавија камповите на Агенцијата за помош на палестинските бегалци на Обединетите нации. Големи делови од градот Газа се срамнети со земја од израелското бомбардирање, а според агенцијата дури 30 проценти од станбениот капацитет во Газа е уништен.

Во моментов живееме во многу тешки услови. Нема душеци, спиеме на вреќи, а времето е претопло. Мојот син спие врз трње, а ќебињата не нудат никаква заштита ниту за децата, ниту возрасните, ниту никој. Ноќе ни е многу ладно, а преку денот во шаторите е многу топло. И мирисот во шаторите е лош, бидејќи тоа се стари шатори. Сакаме да се вратиме дома бидејќи веќе сме исцрпени и уморни, вели Асмаа ал Устад, која заедно со своето семејство го напуштила градот Газа.

Израел го зголеми бројот на воздушни напади во Газа, додека Хамас продолжува со ракетните напади. Армијата, која повика 360.000 резервисти во очекување на наредбата за почеток на копнената операција во појасот прави секојдневни воени вежби. Целта на двонеделното бомбардирање, според израелската армија, е да се минимизира ризикот по копнените сили кога ќе влезат во Газа.

Во Газа не престануваме да го напаѓаме појасот. Изминатата ноќ ги зголемивме нашите напади и како резултат на зголемените напади и прецизните разузнавачки податоци кои ги имаме, беа убиени десетици терористи во градот Газа и неговата околина. Дополнително, убиен беше и заменик командантот на ракетниот арсенал на Хамас, вели портпаролот на Израелските одбранбени сили, адмиралот Даниел Корикус.

Покрај тоа, Израел извршил воздушен напад и врз џамија на Западниот Брег, тврдејќи дека таа засолнувала ќелија на Хамас, која планирала нови напади во Израел. Хамас, од своја страна, соопшти дека во последните 24 часа, загинале дури 266 палестински цивили, од кои 117 биле деца.

Можете да ги слушнете бомбардирањето во близина на болницата Ал Акса. Исто така, ни пристигнаа повеќе од 180 жртви, повеќето од нив деца, жени и постари лица. Вистински масакри се извршуваат врз нашиот народ во сите околни области на Централната управа, вели Халил ал Дегран, лекар во болницата Ал Акса.

Од почетокот на конфликтот бројот на загинати во Газа, според Хамас кој управува со Појасот, се искачи на 4.651 лице, а над 14.000 се повредени. Во нападот на 7 октомври кој го изврши Хамас во Израел, поради кој тел Авив ѝ објави војна на милитантата организација беа убиени 1.400 лица, а 212 беа киднапирани и одведени во Газа.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, денеска нов состанок во финансии

Дејан Дејан

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Дејан Дејан

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе