Вести Свет Топ вести

Објаснување на француската амбасада: Макрон не побара воведување визи за Косово

Амбасадата на Франција во Косово ја појасни изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон во врска со либерализацијата на визите за Косово и посочи дека францускиот претседател не побарал воведување визи за Косово.

Француската амбасада во Косово во одговор до медиумите соопшти дека акцентот на изјавата на Макрон во Тирана е повеќе на барање одговорност од српскиот претседател Александар Вучиќ за нападот во Бањска на 24 септември.

„За време на прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама, францускиот претседател Емануел Макрон ја истакна потребата двете страни да покажат дух на одговорност. Тој јасно ги подвлече своите очекувања од претседателот на Србија, Вучиќ: најодлучно да ги осуди актите од 24 септември и да помогне да се воспостави мир на границата“, се вели во одговорот на амбасадата.

Во него се додава дека Франција бара целосно да се истражи нападот на 24 септември и неговите извршители да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според одговорот на француската амбасада, Макрон побарал од Косово да се заложи за повторување на изборите во северните општини.

Тој побара од двете страни да се заложат за реорганизирање на изборите на северот на Косово, со учество на Србите и нивно враќање во косовските институции“, се додава во одговорот.

Француската амбасада понатаму вели дека Макрон не го спомнал укинувањето на визите.

„Тој повика на духот на одговорност на српскиот претседател Вучиќ, а истите очекувања ги имаше и од претседателот и премиерот на Косово. Токму во овој контекст го спомена и прашањето за визната либерализација, што беше гест на добра волја, но што не беше возвратено во овој период. Затоа, очекува косовските власти, како и српските власти, да го испочитуваат својот збор и повторно да се обврзат да продолжат понатаму во наредните недели“, продолжува одговорот на француската амбасада до медиумите.

Францускиот претседател на прес-конференцијата во Тирана, заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, истакна дека е направен гест на доверба во однос на визите.

„Што се однесува до Франција, тие (визите) се отстранети затоа што го почитуваме нашиот збор“. Денес зборот не се чува. Очекувам вистинска посветеност од овие две власти (Косово и Србија) да напредуваат во наредните недели. Ова е самиот услов за мир во целиот регион“, рече Макрон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе