Вести Свет Топ вести

Хамас со Хезболах во Либан се договараат за војната против Израел – Вработените на амбасадата во САД со наредба да го напуштат Либан

САД овластија дел од персоналот и нивните семејства да ја напуштат американската амбасада во близина на Бејрут, наведувајќи ја непредвидливата безбедносна ситуација во Либан поради војната меѓу Израел и Хамас.

Стејт департментот  им порача на Американците да избегнуваат посета на таа држава.

„Не патувајте во Либан поради непредвидливата безбедносна ситуација поврзана со ракетни и артилериски размени на оган меѓу Израел и Хезболах или други вооружени милитантни фракции“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Во меѓувреме, милитантните групи Хамас и Хезболах поддржани од Иран тесно ги координираат нивните следни чекори во борбата против Израел, изјави за Политико висок функционер на Хамас во Либан.

Ахмед Абдул-Хади, шеф на политичката канцеларија на Хамас во Бејрут, инсистираше на тоа дека Хамас со седиште во Газа не го известил својот сојузник Хезболах однапред за нападите врз Израел на 7 октомври во кои загинаа повеќе од 1.400 луѓе. Сепак, и покрај ова, тој ја опиша тековната соработка меѓу двете групи, нагласувајќи дека Хезболах сега е „подготвен за голема војна“ против Израел на север, додека Хамас ќе го уништи „сонот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го протера од Газа

Изјавите ќе ги засилат стравувањата дека конфликтот на Блискиот Исток може да се прошири на два фронта и да го зафати Либан, особено ако Израел изврши копнена инвазија на Газа, каде што неговите бомбардирања веќе убија повеќе од 2.700 луѓе, наведува Политико.

„Имаме многу силни односи со Хезболах. Соработувавме со Хезболах пред нападот врз Израел, а сега сме во целосна соработка“, рече Абдул-Хади во интервјуто од неговата канцеларија во бегалскиот камп Мар Елиас во Бејрут.

Абдул-Хади вели дека израелската копнена офанзива во Газа ќе биде еден од клучните предизвикувачи што може целосно да го воведе Хезболах во конфликтот. „Хезболах нема да внимава на ничии закани. Времето кога Хезболах сака да војува или не ќе биде поврзано со израелската ескалација и инциденти на теренот, особено ако Израел се обиде да влезе во Газа по копно“, рече тој.

Израел преместува оклопна опрема на позиции во близина на Газа. Сепак, портпаролот на израелската војска Ричард Хехт предупреди да не се прават претпоставки за следниот чекор: „Се подготвуваме за следните фази од војната. Не кажавме што ќе биде тоа. Сите зборуваат за копнена офанзива. Тоа може да биде нешто поинаку“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе