Вести Свет Топ вести

Избори во Полска: Пораз на владеачката крајна десница која не се предава во битката за нова влада

Полска се соочувa со период на политичка несигурност, откако Полјаците гласаа во огромен број на изборите на кои превласта ја однесе про-европската трочлената коалиција на опозициските партии кои според првичните анкети добија комбинирано мнозинство за состав на влада.

На чело на опозицијата, наречена Граѓанска коалиција (составена од повеќе партии и движења) е Доналд Туск, поранешниот претседател на Европската комисија. По преброени 45 % од гласовите, опозицијата има повеќе од половина освоени гласови од излезените избирачи.

Но, владејачката националистичка конзервативна партија „Право и правда“ освои повеќе гласови од која било партија  (сама има над 38 %) и рече дека ќе се обиде да продолжи да создаде нова влада.

За составување на влада потребни се најмалку 231 пратеници во Долниот дом на парламентот кој има 460 места.

Според дел од излезните анкети, владејачката партија „Право и правда“ на Јарослав Качински би добила 198 места, што е остар пад од сегашното тенко мнозинство што го има во последните осум години (досега имаат 230 места).

Дури и со екстремно десничарската партија Конфедерација, „Право и правда“ не може да стигнат до мнозинство.

Излезната анкета покажа 248 места на трите проевропски партии, што значи мнозинство за сегашната опозиција во парламентот. Изборната комисија соопшти дека до утре треба да се знаат првичните конечни резултати.

Во опозицискиот блок покрај „Граѓанската коалиција“ се и коалицијата „Третиот пат“ и социјал-демократската партија „Нова левица“.

Полска во два мандати на владеењето на „Право и правда“ сврте радикално в десно и беше на удар на европските институции поради контроверзните судски реформи со кои извршната власт преку мнозинството во Парламентот се избори за можност на влијание на извршната врз највисоката судска власт во Полска.

Разликата меѓу двата блока е што владеачкиот крајно десен блок на Качински се залага за суверенизам наспроти обединувањето на европските политики, а во предизборието најави и промена на политиката на помош и поддршка за Украина. Од друга страна, проевропскиот блок се залага за поголема судска независност, поголема полска поддршка на европските политики (особено во делот за бегалците) и помош за Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе