Вести Свет Топ вести

Затишје пред бура? Израел молчи, во Газа се продлабочува хуманитарната криза. Се отрупуваат жртви од бомбардирањето.

Очајни за храна, вода и засолниште, повеќе од два милиони цивили во Газа бегаат кон Југ од престојната офанзива на израелската војска. Рокот за евакуација на Палестинците истече, но но нема информација од официјален Израел кога ќе навлезе во појасот Газа со тенковите кој се распоредени на границата. Палестинците се справуваат  со повредените кои умираат на болничките подови по синоќешното бомбардирање. Нема повеќе лекови и опрема за операции. Границите се затворени и за хуманитарната помош. Павле Беловски со повеќе инфорамции за ситуацијата на блискиот исток.

Болница на црвениот крст е 9 ти ден дом на брачниот пар од Македонија кој чека евакуација од појасот Газа. Лоцирани и безбедни се тврди МНР додека во близина на нивниот град, Израел ноќеска одново истури бомби од воздух. Во болниците нема место ниту опрема и лекови. Рокот за евакуација истече, се очекува почеток на офанзивата.

Храна нема и не може да се купи ниту со пари. По недостокот со вода и струја, бегалците кои се повлекуваат на југот од Газа соочени и со глад. Домовите ги оставија по ултиматумот кој им го даде Изарел, а истече синоќа за да го напуштат пограничниот појас упатувајќи се кон јужните градови на Газа. Очајни во потрага по засолниште, повеќе од милион цивили побараа спас и во градот Кан Јунис. Ги дочека разочарување.

„Ситуацијата е трагична. Имам седум семејства бездомници дома. Овде сум од 7 часот наутро. Дали е ова доволно за седум семејства со нивните деца? Одбија да ми дадат леб за повеќе од 5 шекели (1,2 долари). Ова е многу трагична ситуација. Овде сме да купиме леб за децата, не за нас. Не можам да јадам додека ги гледам настаните на кои сме сведоци,“ вели жител на градот Кан Јунис

Израелската војска сè уште им дозволува на цивилите во Газа да бегаат на југ, судири има и на границата со Либан, но загинатите се во Газа. Нови триста мртви и над 800 повредени само во последните 24 се откопуваат од разурнатите згради, по воздушните напади. Наскоро ќе се потрошат и последните залихии нафта, и болниците во Газа ќе останат во мрак. Лекови и опрема веќе снема.

„Се соочуваме со катастрофална ситуација. Зборувам во еден од интензивните оддели, кој е целосно полн со повредени луѓе. Повеќето од нив се деца, имаат (под) три години. Всушност, во последните осум дена примаме стотици тешко повредени пациенти. Тие пристигнуваат во болницата главно со повреди од експлозија, повреди од експлозив. Дојдоа со тешки, комплицирани повреди во телото. Ним им треба комплексен медицински персонал за да се справи со нив. Разликата во оваа ескалација е што немаме никаква медицинска помош што доаѓа од надвор. Границата е затворена, струјата исклучена,“ вели елкар во ночната смена во болницата во градот Кан Јунис

Газа веќе се соочува со хуманитарна криза поради зголемениот недостиг на вода, храна и медицински материјали како резултат на израелската блокада, што предизвика и затворање на единствената електрана поради недостиг на гориво.Дека ситуацијата е загрижувачка предупреди и Светската здравствена организација.Од таму, алармираат дека принудувањето на илјадници пациенти во Појасот Газа да се евакуираат во веќе преполните болници може да биде „смртна казна“ за нив.

„СЗО силно ги осудува повторените израелски наредби за евакуација на 22 болници кои згрижуваат повеќе од 2.000 лежечки пациенти на северот на Газа. Присилната евакуација на пациентите и здравствените работници дополнително ќе ја влоши хуманитарната и здравствената катастрофа“, се вели во соопштението на СЗО.

Израел вети дека ќе ја уништи милитантната група Хамас откако нејзините борци дивееја низ израелските погранични градови, но по истекот на рокот нема нови официјални изјави. Дека се наговестува тотална војна видливо е и од воениот арснела рапореден на границата со Газа. Артилерија, тенкови и авијација на готовос. Но, кога ќе се вклучи црвеното копче за напад никој не знае. Копнената офанзива требаше да започне овој викенд, но беше одложена поради облачното небо што ќе им отежне на израелските пилоти и операторите на беспилотните летала да им пружат воздушна поддршка на копнените сили, објави Њујорк тајмс, повикувајќи се на високи израелски офицери. Во услови на дипломатски напори за ограничување на војната, Египет официјално соопшти дека неговата страна е отворена, но сообраќајот е запрен со денови поради израелските напади. Египетските безбедносни извори соопштија дека египетската страна се засилува и дека Каиро нема намера да прифати масовен прилив на бегалци. Додека се чека политичко зелено светло за напад, се нижат реакции од светските лидери. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин соопшти дека САД ќе распоредат втор носач на авиони во Медитеранот, со цел да се спречи да ескалира војната меѓу Израел и Хамас во пошироки рамки, објави Гардијан. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е во регионот и се обидува да обезбеди ослободување на 126 заложници за кои Израел вели дека Хамас ги однел во Газа и да спречи ширење на војната. Блинкен рече дека денеска имал „многу продуктивен“ состанок со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во Ријад и дека подоцна ќе оди во Египет, чиј премин Рафа сега се смета за главна порта за помошта да стигне до Газа. И официјален Пакистан се огласи и побара, ЗИарел да остане воздржан.

„ Нашиот став е дека Израел мора да го почитува меѓународното право, резолуциите на ОН за Палестина кои го признаваат правото на самоопределување на палестинскиот народ. И исто така, чувствуваме дека ова резултат на седумдецениската нелегална окупација на Израел на палестинските територии“, посочи Џалил Абас Џинани, министер за надворешни работи на Пакистан

Израелската војска соопшти дека ќе продолжи да им дозволува на жителите на Газа да се евакуираат на југ, а стотици илјади веќе се преселиле, бидејќи се подготвува за копнен напад врз Појасот Газа, кој е под контрола на Хамас. Израел вети дека ќе ја уништи милитантната група Хамас откако нејзините борци дивееја низ израелските погранични градови, пукаа во мажи, жени и деца и зедоа заложници, при што загинаа 1.300 луѓе, што е најлошиот напад врз цивили во историјата на земјата. Властите во Газа соопштија дека досега во израелските омбардирања се убиени над 2.300 луѓе, од кои четвртина се деца, а речиси 10.000 се ранети.

Павле Беловски

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе