Вести Свет Топ вести

Гладни и жедни, без струја и лекови додека бомбите ја руинираат Газа – два милиона Палестинци во смртна замка

Она што ќе го направиме, ќе го паметат генерации, гласеше заканата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по нападот на палестинската милитантна група Хамас во саботата. Се очекува можен упад на израелската војска во енклавата, предвидувања што се темелат на мобилизираните 300.000 резервисти. Снабдувањето на Појасот со струја и вода е запрено. Два милиона Палестинци имаат сè помалку можности за бегство, а времето немилосрдно минува.

Израелската војска во вторникот апелираше со Палестинците во Појасот Газа да тргнат кон Египет. Меѓутоа, набрзо потоа граничниот премин Рафа беше затворен, па Палестинците на тој начин останаа изолирани.

Газа, која е едно од најгусто населените места на светот со околу два милиона луѓе, попладнево остана без струја. Тоа значи дека луѓето кои ќе останат во Појасот, ќе мора да се потпрат на генератори за струја, доколку имаат гориво да ги стават во функција.

„Сите услуги во Газа зависат од струјата и нема да биде овозможено делумно снабдување со помош на генератори поради спречувањето на снабдување со гориво преку преминот Рафа“, соопштија локалните власти.

Последните информации говорат дека луѓето се оставени без струја, вода и храна. Забележани се големи редиви пред пекарниците за мали колични на леб.

Банките исплаќаат мали суми на пари, а ист е случајот и на бензинските пумпи. Палестинскиот министер за здравство изјави дека сите болници и медицински центри ќе останат без лекови за 24 часа.

Израелската војска објави дека има целосна контрола над заедниците на нејзината јужна територија во близина на Појасот Газа.

Високиот комесар на Обединетите нации (ОН), Фолкер Тирк порача дека двете страни мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право.

„Сите страни мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и веднаш да прекинат со напади врз цивили, како и напади за кои се очекува да предизвикаат несразмерна смрт и повредување на цивили или штета на цивилни објекти“, порача Тирк.

Тој додаде дека е забрането да се воведуваат мерки со кои се загрозуваат животите на цивилите, вклучително и добра за кои се неопходни за опстанок.

„Од горко искуство знаеме дека осветата не е решение, а цената на крајот ја плаќаат невини цивили“, рече Тирк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе