Вести Свет Топ вести

Само во Дерна бројот на загинати надминува 5.300 лица, болниците и мртовечниците преполни, телата се закопуваат во масовни гробници

Потврдена е смртта на повеќе од 5.300 лица во либискиот град Дерна, кој беше поплавен откако попуштија две хидроакумулации во негова близина преполнети од обилните врнежи од бурата „Даниел“.

Локалните жители очајно бараат хуманитарна помош. Мртовечниците и болниците се полни со тела на загинати, па голем број тела со часови се оставаат на улиците, за потоа да бидат погребени во масовни гробници.

Целиот град е збришан. Сѐ уште има жртви под урнатините, а некои се во морето. Телата се погребуваат во масовни гробници затоа што гробиштата се преполнети. Треба ли да побараме помош од Европејците, „Дојдете и помогнете ни, како што и ние ви помогнавме? Самите гледате каква е ситуациајта, вели Мохамед салем, жител на дерна.

Спасувачите сѐ уште ги пребаруваат урнатините од урнатите објекти, но надежта дека ќе откријат уште некој преживеан полека исчезнува.

Според либиските власти, најмалку 10.000 жители на градот се сметаат за исчезнати, додека повеќе од 30.000 останаа без покрив над главата.

Претседателот на лекарскиот синдикат на Либија, Мохамед ал Гуш, за турските медиуми изјавил дека итно им се потребни специјалистички форензички и спасувачки тимови за излекување тела од урнатини.

Државата сама не може да се справи со ова. Тоа треба да ни биде јасно. Нашите ресурси се ограничени. Многумина се понудија и помогнаа колку можеа, но мора да бараме помош од организации како ООН. Тие треба да ни донираат ресурси, и СЗО исто така треба да испрати помош. Овој град е уништен, рече Абдалмула Суакар од Дерна.

Организацијата „Лекари без граници“ соопшти дека денеска во Дерна ќе пристигне нивен тим кој ќе донира комплети за итна медицинска помош и вреќи за тела, но и ќе направи проценка на медицинските потребни за дополнителни донации.

Според локалните жители, двете хидроакумулации кои попуштија не биле одржувани уште од „Арапската пролет“ во 2011 година, и изминатата деценија бројни експерти постојано предупредувале од опасноста за катастрофа, но никој не презел ништо во врска со нив.

Токму од „Арапската пролет“ и масовните демонстрации кои резултираа со симнување од власт на долгогодишниот либиски лидер Моамер Гадафи, и неговата брутална егзекуција на улица во градот Сирт, Либија е во постојан политички хаос. По неколку годишни борби помеѓу повеќе вооружени организации, власта во земјата сега е поделена помеѓу две фракции. Меѓународно признатата влада со седиште во Триопли, и владата во Бенгази, поддржана од Либиската национална армија под команда на генералот Халифа Хафтар.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе