Вести Свет Топ вести

Лажел на прашање за дрога кога купувал пиштол во 2018 година – подигнато обвинение против Хантер Бајден

Федералното обвинителство на САД подигна кривично обвинение по три точки против синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, откако пропаднаа обидите за договор за признавање на вина.

Тој е обвинет за наводно давање на лажни информации при пополнување на формулар за купување на оружје. Судски документи покажуваат дека во октомври во 2018 година купувал револвер од типот Колт во Делавер, период во кој користел наркотици. На сослушувањето беше обвинет и за две помали дела – дека не платил повеќе од 100.000 долари данок на профит поголем од 1,5 милиони долари во 2017 година и во 2018 година.

Неговиот адвокат рече дека очекува фер одлука за петгодишната истрага против Бајден, врз основа на закони и докази и без политички притисок.

Ова е прв случај во кој дете на актуелен американски претседател се наоѓа под обвинение за време на мандат. Според американските закони, лажење при пополнување на документација за купување на оружје и поседување при консумација на дроги е кривично дело.

Тој претходно призна вина додека траеја преговорите за спогодба. Правните проблеми на Хантер Бајден станаа сè поспорно прашање во американската политика, наведува „Би-Би-Си“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе