Вести Свет Топ вести

С. Кореја секогаш ќе биде со Русија во борбата против империјализмот – двочасовни разговори меѓу Ким Јонг Ун и Путин во Владивосток

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун пристигна со воз во Владивосток, се провози со лимузина, го посети космодромот „Восточни“ и одржа двочасовни тет-а-тет разговори со неговиот руски колега и домаќин, Владимир Путин. Средбата меѓу двајцата лидери го окупира светското внимание, додека западните земји на чело со САД се сомневаат дека ќе дојде до договор „храна и технологија за оружје“. Официјален Вашингтон го предупреди Ун да не потпишува договор за испорака на оружје за Русија кое би се користело во војната во Украина, бидејќи такво нешто уште подрастично би се одразило врз Пјонгјанг.

Путин се заблагодари на Ун за прифатената покана за посета на Русија, а севернокорејскиот лидер изрази поддршка на, како што ја нарече, „специјалната воена операција“ во Украина и нагласи оти неговата земја секогаш ќе биде со Русија во борбата против империјализмот.

Меѓу темите на разговорите ќе бидат и воено-безбедносната соработка на двете земји, но и поддршката што Русија би ја дала на Северна Кореја за развивање на сопствена вселенска програма и сателит.

Посетата на Ун на Русија доаѓа по неполн месец од престојот на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во Пјонгјанг, по повод 75-годишнината од основање на Северна Кореја.

Ова е прва меѓународна посета на Ун по пауза од четири години. Последната ја реализира во 2019 година, исто така во Владивосток, кога се сретна со Путин. Во 12-те години на чело на државата, тој само седум пати ја има напуштено Северна Кореја од кои четирипати беше во посета на Кина.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдено тело на мртва девојка во Штип

Дејан Дејан

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, денеска нов состанок во финансии

Дејан Дејан

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе