Вести Македонија Топ вести

(видео)Топ Тема: Измените на Кривичниот закон се „распродажба на правдата како на пазар 5 за 100“

Скриена амнестија за поранешни и актуелни функционери или усогласување на Кривичниот законик со европските стандарди.

Зошто експресно се протурка намалувањето на казните за функционерите? Кој се ќе се спаси од затворска казна? За мотивите и последиците од спорните законски измени во Топ Тема дебатираат Софка Пејовска Дојчиновска, заменик претседател на ДКСК, Еленко Миланов, адвокат и Саше Димовски, новинар.

„Нешто што нас не остави без зборовие тоа што сите овие години една од ризичните работи е скратената постапка на носење на закони. За 24 часа може да се донесе толку значајна измена на Кривичниот закон којшто е столб на правосудниот систем“, истакна Софка Пејовска Дојчиновска, заменик претседател на Антикорупциска.

Таа појани дека за скратената постапка во Деловникот стои дека може да се применува само ако не е во прашање сложен и обемен закон, „па дали е ова прост закон“, праша Дојчиновска.

„Три дена пред да се случи ова добивме барање од Министерството за правда за предлог на закон во кој беа содржани сите промени за усогласување со европското законодавство.

Го отвораме документот официјален допис со барање за мислење до 20 септември, сосема ги немаше трите промени. Па експресно на маил ни беше пратен текст кој ги содржи и тие промени кои поминаа во Собранието“, откри во Топ Тема Софка Пејовска Дојчиновска, заменик претседател на Антикорупциска.

„Имаме ситуација каде во Собранието преку ноќ влегоа измени со европско знаме, се донесоа со 48 гласа „за“, системски и двотретински треба да биде Кривичниот закон, а беше донесен со ниту половина гласови од Собранието“, нотираше Саше Димовски, новинар.

Тој истакна дека како е можно ова да било ургентно, а паралелно оди постапка за измени на Кривичниот закон, постапка која започна од министерувањето на Маричиќ, па Тупанчевски.

Димовски праша кој ги напиша овие измени дали е некој од машинскиот или електротехничкиот факултет.

„Треба да се земе в предвид и меѓукоалицискиот пазар, министерот Лога е од малата Алтернатива и тој не го потпиша решението, а чесно беше да каже дека ова е упад во системот. Распродажба на правдата како на пазар 5 за 100“, рече во вечерашната Топ Тема Саше Димовски, новинар.

„Ова е закон којшто е донесен и нема потреба да бараме ништо. Извршната власт проценила дека треба да го донесе и го предложила, законодавната го донела и судот мора по него да постапува“, рече Еленко Миланов, адвокат на многумина обвинети во случаите на СЈО.

Тој вели нема потреба од барање бидејќи измените влегуваат во сила од 15 семптември и според тоа обвинителствата мора да одлучат и да ги повлечат предметите по закон во спротивно предизвикува непотребни трошоци.

Миланов објасни дека ова важи и за предметите кои се сега пред Апелација, само за правосилните не може да се применува.

„Можеби ова ќе биде поттик обвинителствата и МВР да ги забрзаат постапките и побрзо да се решаваат проблемите. Предметите на СЈО се неквалитетни и преоптоварени се со непотребни докази“, рече Миланов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пендаровски со честитки до победниците: Мојот концепт не доби мнозинство, некои партии ефективно спречија гласање на претседателски избори

Дејан Дејан

Мемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни, го избраа својот нов претседател

Дејан Дејан

Гордана Силјановска Давкова 61,98%, Стево Пендаровски 30,48% – ДИК со првични резултати за претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе