Вести Македонија

Мемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни, го избраа својот нов претседател

Портпаролот на движењето ЗНАМ, Никола Мемов вечерва на прес-конференција порача оти граѓаните покажале дека се државотворни и со обезбедувањето на потребниот цензус за избор на претседател, не дозволија државата да се соочи со институционална криза.

„Со оглед на тоа што процентот на излезност е повеќе од 40 проценти, извесно е дека граѓаните го избраа својот нов претседател. Движењето ЗНАМ го честита изборот на претседател на државата“, рече Мемов.

Тој упати благодарност до сите граѓани на државата кои денеска излегоа на изборите и својот глас го дадоа за ЗНАМ. Потенцираше дека се задоволни што успеале во текот на кампањата да ги презентираат сите мерки од нивната изборна програма.

„Задоволни сме што во текот на кампањата за парламентарните избори успеавме на јавноста да и ги презентираме сите мерки од изборната програма Проглас за достоинствена Македонија, ги промовиравме нашите кандидати за пратеници, но и нашиот тим експерти од сите области на општественото живеење“, додаде Мемов.

На новинарско прашање дали имаат резултати колку пратенички места ќе добијат, Мемов одговори дека нивниот аналитички центар во моментов ги пребројува гласовите, ги анализира и во текот на вечерта ќе го имаат точниот број.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе