Вести Македонија Топ вести

Без плата вработените во печатница што треба да ги печати учебниците за учениците и Службен весник

Веќе два месеца вработените во печатницата што треба да ги печатат учебниците за учениците и печатењето на Службен весник се без плата. Станува збор за вработени во печатниците „Напредок принт“ и „Напредок 1“ кои преку „Просветно дело“ се ангажирани за издавање на дел од учебниците за средно образование за државните институции и кои што подолг временски период го печатат Службен весник. Со ова се доведува под знак прашање и онака задоцнетото печатење и доставување на учебниците, ќе се нанесе штета и на образовниот процес и на редовната објава на сите службени акти во Службениот весник, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

„Работниците веќе со години немаат навремено здравствено осигурување, а 80 отсто од нив се над 50 години старост и лекувањата ги плаќаат на приватно. Управителот на Печатниците, иако наплаќа државни пари, пари од граѓаните и од даноците, не исплаќа редовно плата ниту пак здравствено осигурување кон вработените, а што во изминатиот период по пријави на ССМ е констатирано брзо и ефикасно и од страна на Државниот инспекторат за труд“, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Доколку државните институции не ги преземат потребните мерки работниците се спремни да ги преземат сите чекори и преку протест и евентуален штрајк да го остварат своето егзистенцијално работничко право на плата, да си овозможат подостоинствен живот за себе и за своите семејства, стои во дописот на Сојузот на синдикати на Македонија.

Додека институциите си ја префрлаат вината за доцнењето на учебниците за прв пат во историјата на независна Македонија, државна институција како што е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бара судска заштита против државна институција, во овој случај против МОН. Во меѓувреме Националната комсија за учебници, пак, побара трпение и вети дека учебниците ќе стигнат во текот на оваа недела. Дискриминацијата најмногу ја почувствуваа трето и шестооделенците.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Максим Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група ќе имаме околу 60 илјади гласа

Дејан Дејан

Прва проекција на мандати: ВМРО-ДПМНЕ на 59, ДУИ пред СДСМ

Дејан Дејан

Ковачевски спомена одговорност, но не и оставка: Денешниот резултат е разочарувачки и тежок удар за СДСМ, повикувам на внатрепартиски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе