Вести Македонија Топ вести

Ковачевски спомена одговорност, но не и оставка: Денешниот резултат е разочарувачки и тежок удар за СДСМ, повикувам на внатрепартиски избори

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар, не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, изјави лидерот Димитар Ковачевски во вечерашното обраќање до јавноста по парламентарните и претседателските избори. Тој најави детална анализа на резултатите во наредниот период и да се најдат причините за, како што рече, „овој поразителен исход“.

„Не сакам да носам избрзани заклучоци и не сакам да посочувам виновници. И јас и партиското раководство имаме одговорност, и сите избрани и именувани функционери имаат одговорност, вклучитечнои и сите партиски функционери на локално и на централно ниво. Никој, реално, не е без одговорност и сите ќе мораме да минеме низ овој процес. СДСМ ќе треба добро да погледне навнатре, да размисли што направивме и кои се резултатите и слабостите во последните четири години, можеби и во последните седум години. И уште поважно, што е тоа што треба да направи за да ја врати довербата на граѓаните што ја изгубивме. Процесот на обнова мора да е на сите нивоа. Затоа повикувам на нови внатрешни избори на сите партиски тела и на локално и на централно ниво, почнувајќи од претседателот на партијата“, порача Ковачевски.

Тој ја честита победата на најголемиот политички ривал на СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ, но и на претседателската кандидатка, Гордана Силјановска Давкова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе