Вести Македонија

Семејствата на починатите во модуларната болница в петок на протест, ќе бараат ново обвинение

По точно две години од пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе, семејствата на починатите ќе излезат на протест со барање за ново обвинение за случајот. Протестот ќе се одржи в петок, 8 септември, на двегодишнината од несреќата која се случи на овој ден во 2021 година.

„Очекуваме ново обвинение. Од почетокот бараме правда и очекуваме правда, но во оваа држава се гледа дека нема правда. Но, излегува вистината кој е крив. Јас спомнав неколку пати дека не се овие тројца, имаат нешто вина ама има и поголем синџир. Тие од ИРЛ новинарите ја извадија вистината кој е виновен, а кој не е виновен“,

изјави Мумин Исмаили, кој во пожарот ги загубил братот и мајката.

Протестниот собир ќе започне во петок во 14 часот од местото каде што беше поставена модуларна болница, а преку центарот на градот ќе заврши пред судот во Тетово.

„Ние како фамилии на починатите во пожарот го организираме протестот и порачуваме на сите граѓани да се приклучат во петок во 14 часот. На сите граѓани на Тетово им порачуваме ова да не биде партиски, ние фамилиите сме организатори и да нема инцидент“,

истакна Исмаили.

Судскиот процес за кривичните дела поврзани со пожарот во тетовската модуларна болница заврши на 5 јуни годинава. Обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривичното дело тешки дела против општата сигурност добија казна од една година и шест месеци, со услов во наредните три години да не го повторат делото.

За докторот Бобан Вучевски, пак, кој се товареше за делото непостапување по здравствени прописи, Судот во Тетово донесе ослободителна пресуда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе