Вести Македонија Топ вести

Вархеји: Добредојдена е веста ако Европскиот совет сака проширување на ЕУ

Европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји денеска реагираше на предлогот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел дека ЕУ и земјите кандидати треба да бидат подготвени за проширување до 2030 година.

„Она што мислам е дека ако ова е порака од Советот, дека Советот сака конечно да се вклучи и да направи голем скок за да се случи проширувањето, ова е добредојдена вест“, им изјави Вархеји на новинарите во Толедо, каде што учествува на неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ (Гимних).

Тој додаде дека Комисијата отсекогаш била подготвена да го даде секој предлог што би довел до проширување.

„Не мислам дека станува збор за датуми. Мислам дека тоа е повеќе прашање на волја, а исто така и прашање на испорака; испорака од страна на ЕУ, но и испорака од страната на нашите партнерски земји од Западен Балкан или другите три земји кандидати“, рече комесарот.

Вархеји потсети дека Комисијата е подготвена да даде каков било предлог за да дојде до тоа, што ќе се види веќе во октомври кога ќе се дадат и суштински предлози вклучувајќи го и Планот за раст, кој претседателката Урсула фон дер Лајен веќе го објасни во Братислава.

„Ќе ја забрза не само институционалната, туку и вистинската интеграција. Вистинската интеграција на луѓето и економиите во Европската унија“, рече Вархеји.

На прашањето што треба да види од страната на Советот за тој датум од 2030 година да стане реалност, комесарот рече дека Советот треба „да продолжи со сите предлози што ги правиме и да ја донесе секоја одлука што можеме да ја донесеме: колку и да е мал, колку и да е голем“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе