Вести Македонија Топ вести

Пожарот на границата со Грција делумно локализиран, се гасне од голема висина поради можност од експлозии

Пожарот кој околу пладне изби помеѓу општините Богданци и Дојран во близина на границата со Грција е ставен делумно под контрола, горат уште два крака.

Ова се последните информации за состојбата на терен со кои располага Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Благодарение на одличното дејство на ертракторите на ДЗС, но и на локалните пожарникари од Дојран и Гевгелија кои спречија огнот да се прошири кон полето затоа што сувата трева и ветрот кој постојано дува овозможуваа брзо горење и ширење на огнот“,

вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Тој вели дека во моментов ветрот е наклонет на нив и правецот во кој дува го врти огнот кон веќе изгорените места и ако така продолжи во наредните два часа пожарот може да биде и целосно локализиран.

Меѓутоа, ако ветрот го смени правецот, како што вели Ангелов, екипите ќе се соочат со голем проблем бидејќи огнот ќе се прошири кон ридот каде почнува и територијата на Општина Дојран.

Како што веќе претходно соопштија од ЦУК, местото каде се случува пожарот е на линијата на фронтот од Првата светка војна, па од утрово имаше информации дека се слушнале и неколку експлозии од останати гранати. Ангелов во последната изјава вели дека досега имало околу 20 експлозии.

„Целото ова место каде се одвива овој пожар се наоѓа на линијата на фронтот од Првата светска војна и може да се забележат многу ровови, бункери, рововски линии. Досега се слушнати повеќе од 20-тина истрели, експлозии. Најверојатно куршуми со голем калибар, но и разни детонации, вклучително и големи гранати, со голем калибар. Тоа го усложнува гаснењето на овој пожар затоа што ја загрозува безбедноста и на пожарникарите и на леталата. Ертракторите на ДЗС постапуваа внимателно од малку поголема висина“,

вели директорот на ЦУК.

Од тие причини, додава тој, е проценето дека нема услови да се употребуваат полицискиот и армискиот хеликоптер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе