Вести Македонија

Најмалку четири експлозии на гранати од Првата светска војна – голем пожар на македонско-грчката граница

Голем пожар избувна на отворено на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, каде минува линијата на фронтот од Првата светска војна и во којшто досега експлодираа најмалку четири гранати од Прва светска војна, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

„Денеска околу пладне изби голем пожар помеѓу Богданци и Дојран. Пожарот се наоѓа во атарот на селото Селемли но поминува преку линијата од фронтот од Првата светска војна, линија на којашто има многу заостанати минско-експлозивни неексплодирани средства. Во текот на овие два часа, колку што е активен пожарот, слушнати се најмалку четири силни експлозии. Ваквите експлозии го усложнуваат гаснењето на пожарот, бидејќи не е безбедно пожарникарите да се приближат до него“, рече Ангелов, кој веќе е на пат кон локацијата каде што се наоѓа пожарот.

Пожарот, како што информира тој, е изгаснат само на еден крак каде што беше безбедно пожарникарите да пријдат, а останатиот опожарен дел се гаси со Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување којшто користат вода со посебна пена со поголем ефект.

„Двата ер трактори на ДЗС веќе се активни. Исфрлија по неколку тури вода. Ќе продолжат да дејствуваат се додека пожарот целосно не го изгаснат. Пожарот меѓу другото се движи и кон грчка територија и според сегашните информации на едно место веќе е префрлен на грчка територија“, информира Ангелов.

Директорот на ЦУК соопшти дека од тие причини преку системот 112 уште пред да се префрли пожарот на грчка територија тамошните служби се известени за да се подготват.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Вреди“ тврдат дека ДУИ повикува на тивок бојкот за претседателските избори

Дејан Дејан

Штип одбележува годишнина од смртта на Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе