Вести Македонија Топ вести

ФОТО: Врвот на ДУИ бил на отворање на објект кај партискиот донатор Адеми, од Мала Речица информирале дека дел од донацијата вратиле

Врвот на ДУИ пред неколку години бил во компанијата Еуровиа на свеченост по повод отварање на објект на компанијата на семејството Адеми, а на сликата до најголемиот партиски донатор Елмедин Адеми се министрите Артан Груби, Крешник Бектеши и Бујар Османи.

Лани токму Еуровиа и Адеми беа најголеми донатори, но партискиот потпретседател и партиски портпарол Бујар Османи тврдеше дека од медиумите разбрал за донацијата, а не знаеше ниту дали ќе ги вратат.

Сега извори од повеќе институции тврдат дека ДУИ ги вратило вишокот пари на својот донатор без да откријат кој датум се случило тоа. Партијата во надлежните институциии ДЗР и УЈП не доставила документи дека вратиле пари, но на надлжените лица во институциите телефонски во јуни им пратиле абер дека вишокот пари е вратен од ДУИ во Еуровиа.

Грешката требало да ја исправат во законскиот рок од 30 дена кога треба да ја вратат донацијата, а на тоа според информациите на Телма биле предупредени од ревизори и даночници.

Но, не го послушале советот и извештајот го доставиле со противзаконските донации на Еуровиа. Вратена е разликата меѓу дозволената висина на донацијата и уплатената, но не и целата.

Вториот прекршок со кој Еуровиа за време на изведување тендер со државни пари истовремено донира на партија не бил исправен затоа што во моментот на исправањето на првиот прекршок со вишок донација, медиумите се уште не објавиле дека Еуровиа не смее да донира на партија.

Сега целата донација , но и тендерот ќе биде испитуван од антикорупциската комисија, а предметот го води членот Шемши Салаи кој рече дека наскоро ќе биде готов предметот и има добиено определени документи.

Резултати од ДКСК очекува и премиерот Ковачевски, кој за првпат се произнесе за високите донациии за тендер кој го добил најголемиот донатор на ДУИ. Има свое поинакво видување нс состојбата.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со обвинувањата за случајот на ДУИ кој потсетува на нивниот Талир во кој на суд во прв степен останаа без белата палата.

Еуровиа сега веќе е префрлена пред салата Борис Трајковски, работи на преуредување и расчистување на просторот. Опозицијата пак бара раскинување на нивниот договор, додека министерскиот состанок на ОБСЕ молневито се приближува.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе