Вести Македонија Топ вести

Фирма се обидувала на државно земјиште да закопа угинати заболени свињи – жителите на Таринци и Нов Караорман излегоа на протест

Жителите на карбинските  селата Таринци и Нов Караорман  вечерва организираа протест и не дозволија да се создаваат јами, во кои ќе се закопат заболени свињи од африканската свинска чума во фармата која е во близина на селото Таринци.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека според информациите станува збор за од 9.000 до 10.000 свињи, кои се одгледувале во најголемата фарма во овој регион. Посочува дека вечерва некој се обидувал да узурпира државно земјиште меѓу двете населени места, каде во непосредна близина е и индустриската зона.

Паунов вели дека според негови сознанија фирмата која со машина правела јами за угинатите свињи немала никакво одобрение, а стравувањето на населението е дека можат да се загадат подземните води, но и да влијае и врз нивното здравје. Околу 30 жители се собраа на локацијата, по што градежните машини запреле со работа. Паунов најави дека утре ќе има состаноци со надлежните инспектори за овој проблем.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе