Вести Свет

Дачиќ: Кога можеше Сијарто да оди во Москва, зошто ние да не можеме

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска потврди дека до крајот на годинава ќе ја посети Москва, каде што треба да се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

Нема да разговараме за ништо друго освен за нашите билатерални односи и за она што се однесува на мешовитиот Комитет и секако ќе се сретнам со мојот колега Сергеј Лавров. Кога може (унгарскиот министер за надворешни работи Петер) Сијарто да оди во Москва, зошто ние да не можеме, изјави Дачиќ во гостувањето на телевизија Хепи.

Дачиќ е копретседател на мешовитиот Комитет за соработка со Русија и посочи дека Србија му должи средба на Лавров затоа што не можел да дојде, а Никола Селаковиќ не отишол додека бил министер за надворешни работи.

Дачиќ додаде дека на 4 септември заминува во Џакарта, каде што ќе го потпише приемот на Србија во Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

Ние аплицираме 10 години, секоја земја треба да даде согласност и тоа беше многу тешко. За нас е исклучително важно да имаме уште еден механизам за соработка, додаде Дачиќ.

Тој најави и дека претседателот Александар Вучиќ патува за Кина каде ќе учествува на Самитот „Појас и пат“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе