Вести Свет

Во Грција уапсени 119 лица поради предизвикување пожар од небрежност и 27 за подметнување пожар

Вкупно 119 лица се уапсени од Противпожарната служба во Грција поради предизвикување пожар од небрежност, а 27 лица за подметнување пожар, од 1 мај до денеска, напиша денеска грчкиот министер за климатска криза и цивилна заштита, Василис Кикилијас во порака на мрежата „Икс“ (Твитер), цитирана од АНА-МПА.

Од 1 мај до денеска: Противпожарната служба приведе 119 лица за подметнување пожар поради невнимание и 27 лица за подметнување пожари. Грчката полиција извршила 18 апсења и приведе тројца други лица на распит. Во последните три дена се извршени четири апсења за подметнување пожар во Авлонас, Каристос, Пахна и Лариса и две предизвикани од невнимание во Каламата и Кос, прецизираше министерот.

Претходно денеска, службата соопшти дека уапсила двајца мажи за кои се верува дека намерно подметнале шумски пожари. Тие се приведени во Каристос и во Лариса.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Си Џипинг денеска пристигнува во Белград

Дејан Дејан

На инаугурацијата на Путин нема да присуствуваат ЕУ, САД и Велика Британија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе